ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Снегот речиси целосно ги изолира селата Танушевци, Брест и Малина

Снегот речиси целосно ги изолира селата Танушевци, Брест и Малина

„Ние сме во близина на селото Танушевци, кое е покриено со обилен снег, а патиштата се непроодни, речиси е невозможно да се стигне во селото. Се обидовме да се приближиме што е можно поблиску до селото, но ова е малку тешко, бидејќи тука паднала голема количина на снег и патот е непрооден до таму“.

Advertisements

Силната снежна бура ги изолира селата Малина и Танушевци. Секогаш во овие месеци тие речиси и да не се движат поради тешкотиите што ги имаат во сообраќајот бидејќи повеќето од патиштата се блокирани.
Жителите од оваа област велат дека веќе три дена се без електрична енергија, додавајќи дека ги известиле надлежните, но досега не се преземени никакви мерки.

“Екипите на ЕВН излегоа на терен веднаш по прекинот на струја, но поради снежните врнежи се соочија со непрооден терен. Екипите пои бројни обиди вчера стигнаа до местото на паднатиот столб и констатираа дека столбот треба да се замени со нов. Утре пак ќе се работи на терен, а во меѓувреме доколку има нови врнежи од снег и теренот стане непрооден тогаш компанијата ќе соработува со надлежните државни институции за надминување на состојбата”, велат од ЕВН.

. Екипоте на ЕВН НА ТЕРЕН
. Потребна замена на столб

Од снежната бура критичната е состојба и во други планински региони. Жена која е со кислородна поддршка е заробена во викендица во Маврово, а во моментов чека интервенција од Центарот за управување со кризи за да ја извлечат од таму.

Во с .Цветово, општина Студеничани, поради големиот снежни врнежи од 60 сантиметри, од вчера едно лице е заглавено во неговата викендичка, и не може да го користи своето возило, иако има зимска опрема.

Снегот блокираше и дел од луѓето во планинарскиот дом „Караџица“ во Општина Студеничани. Властите кои се известени за жителите велат дека работат на нивно повлекување. /Alsat.mk

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button