ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снемува риби во Охридското езеро

Снемува риби во Охридското езеро

Македонија и Албанија со години никако не можат да се договорат да ги усогласат законите за да се заштити рибниот фонд во Охридското езеро. Димче Мајкоски од Спортско риболовниот клуб во Охрид вели дека уште во 2000 година барале да има времена забрана за риболов додека трае мрестот, да се утврди големината под која не смее да се лови, колкава количина смее годишно да се улови и слични законски одредби. Но, ништо не било направено.

Advertisements

„Кај нив има еден закон кој го покрива и морскиот и слатководниот риболов. Кај нив плаќаш дозвола, дали ловиш со мрежи или со јадици или раце, тоа не е важно. Кај нив мерите за големината на рибите се многу мали, особено за пастрмката и не дозволуваат на една пастрмка да порасне, да се измрести еднаш или двапати и да остави потомство“, рече Димче Мајкоски-Спортско риболовен клуб.

Популацијата на пастрмката и во албанскиот дел од езерото драстично се намалува, вели Мајкоски.

„И би требало да се свестат. Потребен е договор меѓу Македонија и Албанија и усогласување, прво на законите за рибарство“, додаде Димче Мајкоски-Спортско риболовен клуб.

Во меѓувреме, од македонска страна, Охридското езеро повторно е без концесионер. Фирмата која победи на конкурсот за стопанисување со него се откажа поради неможноста да ги исполни потребните услови. Поради тоа, на езерото сега владее хаос.

„Во однос на контролата на риболовот, во изминатите 20 години популациите на ендемичните видови Охридска пастрмка и Белвица се на критично ниво…“, нагласи Ѓоко Зороски, Екологист.

Но и покрај алармантната состојба, на менијата во рестораните Охридската пастрмка се продава по цена и до 70 евра за килограм иако нејзиниот лов е забранет. Од риболовните здруженија предупредуваат дека во зимскиот период биле сведоци на рибокрадство токму на белвица и пастрмка./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button