ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Снежно невреме во поголемиот дел од САД, има и загинати

Најмалку три лица се загинати во САД поради бура проследена со дожд и снег која го погоди источниот брег на САД. Поради зимската бура, вчера повеќе од 811 илјади домаќинства и фирми во 12 држави во источниот дел од САД се без електрична енергија.

Според агрегаторот на кој се објавуваат податоците за прекин на електричната енергија poweroutage.us, најтешко погодени држави досега се Њујорк и Пенсилванија каде што има по околу 200 илјади имоти без струја и Њу Џерси со повеќе од 127 илјади имоти без струја.

Обилните дождови и ветрови денеска погодија поголем дел од источниот брег на САД и ќе продолжат и утре, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

Врнежи се очекуваат на североисток, а во тој дел на САД изминатиот викенд некои области беа погодени од снег, што го зголемува ризикот од поплави.

Снегот се очекува да продолжи и денеска во регионот на средниот запад, северозападниот дел на Пацификот и Големите Езера, кои беа погодени од снежни виулици во понеделникот и вторникот, додека очекуваната количина на снег може да остави делови од овие региони без струја.

Невремето доаѓа пред, според прогнозите, најстудениот период во земјата од декември 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button