МАКЕДОНИЈА
Снопче: Бугарија не е вистинската причина за недобивање на датумот

Халил Снопче, пратеник на Алијансата за Албанците, во „Патот кон“ на Алсат изјави дека Бугарија не е причината за недобивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ.
„Неколку пати по ред не успеавме да го добиеме датумот за отворање на преговорите и нормално државата го оправдуваше со тоа дека причината е Бугарија, но мислиме дека Бугарија не е вистинската причина за недобивање датумот, бидејќи продолжуваме да имаме проблеми и продолжуваме да не ги спроведуваме реформите што ни беа доделени“, рече Снопче.