ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снопче: Сите осум пратеници на Алијанса го поддржуваат новото мнозинство

Снопче: Сите осум пратеници на Алијанса го поддржуваат новото мнозинство

Парламентарното мнозинство смета дека го има потребното мнозинство за да се изгласа реконструкцијата на Владата. Иако во текот на денот едвај се обезбедуваше кворум за работа од ДУИ велат дека имаат доволен број на пратеници и ги повикуваат сите да се приклучат на европскиот фронт како Алијанса за Албанците.

Advertisements

„Секако дека има доволно мнозинство, дури и повеќе што е потребно и неопходно за гласање на Владата. Нашата желба и нашата покана е и за Алтернатива и за Беса за создавање на заеднички европски фронт“,рече Арбер Адеми,  ДУИ.

Од Алијанса за Албанците, од каде половина пратеници денеска не беа присутни во салата, велат дека имаа одговорност за нивните 8 пратеници.

„Не се сомневаме дека ќе има мнозинство, но она за што гарантираме се 8-те пратеници на Алијанса кои го поддржуваат ова ново мнозинство. Договорот е јасен. Не веруваме дека некој влегува во такви авантури без да ги има бројките. Ние како Алијанса ги гарантираме гласовите на нашите 8 пратеници“, изјави Халил Снопче, Алијанса за Албанците.

На првата седница денеска не се појавија пратениците на Алтернатива, партијата која премина во опозиција како резултат на влегувањето на Алијанса во Владата. Во салата не беа ниту Изет Меџити од ДУИ, Скендер Реџепи како независен пратеник  ни Кастриот Реџепи. Пратениците од Движењето Беса се појавија подоцна, а кворум  обезбедија Левица со нивните двајца пратеници, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не влезе во салата. Собранието ја констатира оставката на министерот за правда, Никола Тупанчевски. На негово место е предложен Кренар Лога од Алијанса. Потврдена е и оставката на министерот за екологија Насер Нуредини. За ова министерство СДСМ ја предложи Каја Шукова. Констатирани се и оставките на замениците министри за правда и за здравство. Во Собранието ќе се расправа за разрешување на Беким Сали од здравство, Адмирим Халити од информатичко општество, Башким Хасани од заменик министер за одбрана. Исто така ќе се расправа и за новите предлози за министри и заменици министри. Со Алијанса во Владата, парламентарното мнозинство ќе има 67 пратеници во зависност од позиционирањето на пратениците кои се дел од огнената група во ДУИ, независните пратеници и пратеници од предизборната коалиција на СДСМ./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button