СВЕТ
Сноуден сака и руско и американско државјанство

Поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција (НСА), а сегашен свиркач, Едвард Сноуден, денеска поднесе барање за руско државјанство, а како што објави на Твитер, сака да го задржи и американското државјанство. Барањето за руско државјанство Сноуден го поднесе откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена.
Сноуден во 2013 година најде засолниште во Русија откако побегна од САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа. Американскиот претседател Доналд Трамп во август најави дека е можно помилување на Сноуден.