ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Со 63 гласа „за, 36 „против“ и ниту еден воздржан, пратеницита го изгласаа буџетот за 2022 година

Со 63 гласа „за, 36 „против“ и ниту еден воздржан, пратеницита го изгласаа буџетот за 2022 година. Владата догодина во државната каса планира да собере 3,9 милијарди евра, но во исто време да потроши 4,4 милијарди евра. Буџетскиот дефицит за 2022 година ќе надмине 500 милиони евра, кои ќе се финансира со задолжување дома и во странство. Најголемо зголемување, за 27 насто има во капиталните инвестиции, за кои се предвдени 615 милиони евра. Како клучни проекти во буџетот се планира изградбата на автопатишта преку фирмата Бектел и Енка, изградба на клинички во Скопје и Штип и изградба на болница во Кичево.