ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со часови се чека на Табановце-за два дена поминале повеќе од 35 000 патници

Со часови се чека на Табановце-за два дена поминале повеќе од 35 000 патници

Иселениците се враќаат на своите работни места, но со себе носат горчлив вкус од родниот крај. Во петокот и саботата имаше долги километри колони возила, кои чекаат со часови на границата за да заминат од Македонија.

Аматерската снимка од патниците покажува дека има револт кај нив, кои ги чека долг пат од најмалку илјада километри до нивните домашни адреси. Авторот на снимката вели дека со автобус се чека до 6 часа, додека со автомобил ако имате среќа се поминува за три часа. Од друга страна, граничната полиција известува дека за два дена евидентиран е рекорден број на влезови и излези во земјава.

„Според податоците на граничната полиција, во текот на вчерашниот и денешниот ден, на граничниот премин Табановце поминале вкупно 35.833 патници, од кои 30.119 излегле, а 5.714 влегле во Република Северна Македонија”, велат од Министерство за внатрешни работи.

Но, ова не е првпат на границата Табановце-Прешево да има колони долги со километри. Во текот на летната сезона чекањата беа уште подолги, бидејќи имаше зголемен проток на патници. Меѓудржавната стратегија на Македонија и Србија за едношалтерскиот граничен систем на „Отворен Балкан“, не ги дава очекуваните резултати.
Атмосфера … 10 секунди додека чекаат надвор пред автобусите

Од МВР велат дека граничната полиција работи со полн капацитет. Но, имајќи во предвид дека цела смена на граничната полиција е суспендирана поради сомневање за поткуп, младите кои ги заменија не се толку искусни за да се справат со огромниот прилив на патници како што е викендов.

„За излез отворени се 8 ленти, од кои 6 за патнички возила, 1 за автобуси и 1 за товарен сообраќај. За влезот во државата се врши контрола на патници во 5 ленти, од кои 3 се за патнички возила, една за автобуси и една за промет на товарен сообраќај“, нагласуваат од Министерство за внатрешни работи.

Од МВР велат дека за време на викендите, поради зголемениот број на патници, задолжително се планира и реализира ангажман на поголем број полицајци на граничниот премин Табановце, што важи и за летната сезона, кога протокот на патници е зголемен поради доаѓањето на иселениците и туристите за летување.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button