

Алсат
11.03.2020 08:19
Во светот сè поголем замав зема рецептот за домашно подготвен чај од три состојки, кој, како што велат оние што го испробале, има одличен ефект. Овој чај првенствено ги топи килограмите околу половината.
Што ви е потребно?
- 5 кесички зелен чај
- Цимет
- Ловоров лист
Начин на подготовка
Во длабок сад ставете 800мл вода и оставете ја да проврие. Во неа додајте 1 стапче цимет, 3 ловорови листа и 5 кесички зелен чај. Поклопете го садот и оставете го да отстои 15 минути, а потоа процедете го.
Начин на употреба
Се препорачува овој чај да се пие рано наутро, веднаш откако ќе се разбудите. Испијте ја првата шолја од овој чај на празен стомак, втората можете да ја испиете по појадокот, а третата пред да си легнете.
Оние што го пробале овој чај, како што вели nezavisna.com, намалиле и до 8 сантиметри обем во половината. Секако, ова секогаш зависи од личноста, од дебелината и од количината на масни наслаги кои треба да се стопат.
Првите резултати се видливи веќе по десетина дена. Трите состојки од овој чај ги согоруваат мастите и ја забрзуваат работата на метаболизмот, па тоа е една од причините што има толку добар ефект.
И не заборавајте, ниту еден чај или диета не можат да направат чудо ако не вклучите и физичка активност во секојдневието.