ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Со една минимална плата може само да се јаде и пие

Со една минимална плата месечно може само да се јаде и пие. На едно четиричлено семејство за исхрана му се потребни 17 илјади денари според мајската синдикална кошничка објавена од Сојузот на синдикати. За подмирување на режиските трошоци од семејниот буџет се потребни близу 12 илјади денари. За хигиена 2.689 денари, превоз 3.363 денари, купување на облека и обувки 2.208 денари и одржување на здравјето 784 денари. За еден месец да се подмират основните потреби, на семејството му се потребни 38.791 денар.

Advertisements

Синдикална кошничка, Сојуз на синдикати:

Исхрана и пијалоци 17.001 денари
Домување 11.675 денари
Хигиена 2.689 денари
Превоз 3.363 денари
Обувки и облека 2.208 денари
Одржување на здравје 784 денари
ВКУПНО – 38.791 денар

Најголем фактор за зголемување на синдикалната кошничка е растот на цените на храната. Од мај лани досега едно четиричлено семејство треба да одвои речиси пет илјади денари повеќе за да ги покрие месечните потреби.

„За само една година или од претходната 2021 година истиот месец мај кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.156,00 денари истата е зголемена за 4.635,00 денари односно 12,78%“, велат од Сојузот на синдикати.

Од ССМ бараат итно да се зголемат платите на секој вработен и во јавниот сектор за 2.806 денари за да може да се покријат трошоците. Од синдикатот дадоа рок до 22 месецов, владата да им го прифати барањето во спротивно ќе се активира генерален штрајк на работните места.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button