СПОРТ

Со ефектен гол на Кузмановски, Македонија извлече реми во дуелот со Австрија на Светското првенство

Со ефектен гол на Кузмановски, Македонија извлече реми во дуелот со Австрија на Светското првенство

Со ефектен гол од голема далечина на капитенот Филип Кузмановски, македонската ракометна репрезентација во последната секунда успеа да избегне пораз и да одигра нерешено со Австрија вопрвото коло од главната рунда на Светското ракометно првенство чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров натпреварот со Австрија го почнаа добро и во два наврати во првото полувреме имаат предност од три гола. Сепак, противникот успеа да се врати во ритам и на полувреме замина со гол предност, односно со резултат 14-13.

На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22-22, а во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал, исто така, при нерешени 27-27. Во следниот напад Австрија реализира за водство, на што со гол одговори Марко Митев.

На четири секунди до крајот Австрија постигна гол за водство, по што нашите ракометари тргнаа на се или ништо. Одговорноста во последниот напад ја презеде капитенот Кузмановски и од петнаесетина метри успеа да го совлада австринскиот голман Флоријан Кајпер за кончени 29-29.
Најефикасни во македонскиот тим на натпреварот со Австрија беа Марко Митев со шест гола, Жарко Пешевски постигна пет, а Кузмановски мечот го заврши со четири погодоци и пет асистенции

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button