КОШАРКАСПОРТ

Со голема борба до прва победа во квалификациите за Евробаскет 2025

Настапот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 продолжува денеска од 18 часот во Сосновјец, каде избраниците на Александар Јончевски ги очекува средба со Полска.

Advertisements

Домаќините кои во првото коло претрпеа убедлив пораз од Литванија се фаворити на денешната средба, но доколку „црвено-жолтите“ успеат да ја повторат пожртвуваната игра во одбраната од првото полувреме со Естонија, а воедно и ги сведат грешките во нападот на минимум може да се надеваме на победа која ќе ни донесе чекор поблиску до пласман на континенталниот собир по една деценија.

Во тоа верува и новиот репрезентативен центар, Американецот Итан Хап кој имаше одлично деби во „црвено-жолтиот“ дрес.

„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен. Ќе мораме да се бориме за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат. Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“, изјави Хап.

Полска денеска ќе настапи без еден од своите најдобри кошаркари, Матеуш Понитка па во негово отсуство најголемата опасност доаѓа од крилната и центарската позиција која ја покриваат Михаил Соколовски и Александер Балчеровски./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button