ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со хрватски модел ВМРО ќе гласа за Бугари во Уставот, реагираат албанските партии

Со хрватски модел ВМРО ќе гласа за Бугари во Уставот, реагираат албанските партии

За учество на ВМРО-ДПМНЕ во расправата за уставните измени, опозициската партија ги повикува прво СДСМ и ДУИ да кажат дали прифаќаат да се примени хрватскиот модел на Преамбулата. Тоа значи дефинирање на државата како унитарна на македонскиот народ и на националните малцинства.

Advertisements

ДУИ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во разговорите за дефинирање на уставните амандмани.

„Сметаме дека по оваа одлука ВМРО-ДПМНЕ треба да испрати свој претставник во владината комисија за уставни измени и да започне сеопфатен процес. За време на тие разговори ќе видат дека вклучувањето, а не исклучувањето на заедниците во нашата земја, ја прави оваа земја пообединета, похармонична и поевропска“, велат од ДУИ.

Од Алијанса за Албанците велат дека решението што го нуди ВМРО е апсолутно непознавање на реалноста.

„Времето на доминација на една етничка припадност во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и не може да има враќање во таа состојба. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет се вратил децении наназад и тоа е за жалење“, велат од Алијанса за Албанците.

Доколку се промени Преамбулата, Алтернатива бара да се зборува и за нивната идеја за редефинирање на државата. Предлогот на ВМРО за нив е ретрограден и неприфатлив.

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со уставните измени да се смени и моделот на унитарна држава по некој хрватски модел, Преамбулата на Уставот да биде во духот на зајакнување на македонска национална држава, иако доаѓа во време кога оваа партија мисли само на изборни придобивки, мислиме дека доколку има такви предлози и волја, тоа создава можности за сериозно отворање на нашата тема за редефинирање“, нагласуват од Алтернатива.

Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, во Преамбулата би пишувало дека Македонија е основана како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и другите… во една ваква ситуација, ВМРО не би имало против да бидат впишани и Бугарите, но и сите други националности споменати во последниот попис на населението./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button