ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со измените на Кривичниот закон се „стимулира“ криминалот и корупцијата

Со измените на Кривичниот закон се „стимулира“ криминалот и корупцијата

Експертите сметаат дека последните измени на Кривичниот законик го мотивираат организираниот криминал и корупцијата. Според универзитетскиот професор, Башким Селмани, измените за кои Владата тврди дека се направени во согласност со европското законодавство, всушност се измени кои дополнително ќе ја отежнат работата на органите за спроведување на законот и ефикасната борба против организираниот криминал. เกมยิงปลา game slotonline

Advertisements

„Намалувањето или преполовувањето на овие санкции носи уште поголема утеха за институционалните лидери да влијаат бидејќи со овој член тешко може да се утврди злоупотребата на службената положба, дали некое лице или административен службеник ќе направи злоупотреба од 50 евра или 2 милиони евра. Значи, сега овие две суми се изедначуваат и претставуваат злоупотреба на службената должност, за жал, не се само овие два члена  спротивни на јавниот  интерес”- Башким Селмани, правник.

Магистерот по правни науки, Емир Куртиши, смета дека последните измени дополнително ќе ја намалат довербата на граѓаните во судовите и обвинителството.

„Ова се коси со заложбите за борба против криминалот и корупцијата. Со овие измени можеме да кажеме дека дополнително ќе се намали довербата на граѓаните и гласачкото тело кон пратениците. Несомнено, влијанието ќе биде негативно и ќе ја намали довербата кон институциите за спроведување на законот. Ако всушност постои волја за борба против корупцијата, имаме многу случаи во регионот и во светот каде што ефективно се води борба против корупцијата. Знаеме дека не се бориме ефикасно, туку барем да се бориме за да се намали. Насекаде постојат примери кои можат да се преземат и имплементираат како практики во нашата земја “ – Емир Куртиши, правник.

Куртиши и Селмани се согласуваат дека измените се прават за во иднина владините функционери да избгнат одговарност за евентуални кривични дела.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button