Со измените на Законот за инспекциски надзор ќе се зголеми ефикасноста и функционалноста на инспекторатите, велат експерти
Со измените на Законот за инспекциски надзор ќе се зголеми ефикасноста и функционалноста на инспекторатите, велат експерти

Неодамнешните измени на Законот за инспекциски надзор, со кои се отстранува правниот статус на инспекторатите и се ставаат во надлежност на министерствата, ќе се зголеми ефикасноста и функционалноста на инспекторатите, оценуваат експертите. Ана Иванова Стојановска од Центарот за управување со промени вели дека првично треба да се види како тоа ќе се спроведе во пракса, но со последните законски измени ќе се засили линијата на одговорност на министерот и очекувањата се дека ќе има помала бирократија и поголема ефикасност.
Професорот Борче Давитковски оценува дека законските измени ќе донесат поголема функционалност, но и подобра координација меѓу различните инспекторати. Според него, особено е важно што сега ќе се проверуваат и локалните инспектори.
Според измените, инспекторатите ќе продолжат да работат како органи во министерствата и нема да имаат свои буџетски сметки. Со последните измени Инспекторатите нема да можат самостојно да спроведуваат постапки за јавни набавки и вработувања, ниту да одлучуваат за права и обврски од работниот однос. Ова е направено со цел да се зајакне улогата на министерствата во однос на надзорот над законите кои се во нивна надлежност./Алсат.мк
Суад Бајрами