Со Ковид досега се заразиле над 1.500 лекари и друг медицински персонал
Од почетокот на пандемијата, 1.527 членови на медицинскиот персонал и лекари се заразиле со ковид. Според информациите на Алсат, географската дистрибуција на заразениот медицински персонал од почетокот на пандемијата е евидентиран во 34 градови во земјава. Најголем број е регистриран во 7 градови, додека во другите 27 има едноцифрен број.
Медицински персонал со КОВИД-19
Вкупно Излечени Активни случаи
Скопје 720 623 94
Куманово 21 162 184
Штип 21 40 62
Струмица 19 33 52
Тетово 17 53 73
Битола 11 40 51
Гостивар 10 66 76
Оздравени се 1.268 од вкупниот број на заразени лица, додека 12 лекари од 8 градови починале од болеста. 247 се активни случаи. Овие податоци до кои дојде Алсат се неколку пати повисоки од оние што ни ги испрати Министерството за здравство, според кои, досега биле заразени 527 членови на медицинскиот персонал. Додека за активни случаи се водат 297.
Предизвикот за лекарите станува уште поголем со зголемувањето на бројот на заразени. Според извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со коронавирусот во нашата земја во текот на првата недела од ноември, процентот на заразени во овој временски период е зголемен за 25,5% во споредба со претходната недела. Од околу 20 илјади тестирани, 37% биле позитивни. Мажите и понатаму се изложени на поголем ризик. Заразени има од сите возрасни групи. Загрижувачки е големиот број жртви, кој во текот на првата недела од ноември е зголемен за 41,1 насто во споредба со претходната недела.
Evi Shkopi