ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со месеци жителите на Блаце немаат редовен превоз

Жителите на селото Блаце веќе пет месеци се соочуваат со недостиг на јавен превоз. Конкретно, изминатата недела – во селото не дошол јавен автобус ниту еднаш. Револтираните жители рекоа дека се чувствуваат дискриминирани и изманипулирани од Јавното претпријатие кое без никакво објаснување ги остава жителите без можност да пристигнат на нивните работни места.

Advertisements

„Интервенираше градоначалникот на општината, претседателот на месната заедница, велат немаме возачи на автобуси, кога ги прашуваме возачите ни даваат сосема поинакви одговори, велат дека има доволно возачи. Ние сме демократска држава и да нема автобус, срамота е“, реагираат жителите.

И децата се револтирани. Велат дека поради немањето автобус не можат да одат на вонучилишни активности..

„Запишани сме на курс по англиски неколку девојки, но нема како да стигнеме“, велат децата.

Селото Блаце има над 100 населени куќи. Жителите речиси секој ден мораат да патуваат до Скопје и обратно. Најпогодени се средношколците кои во отсуство на автобуската линија 81, не можат да стигнат до училиште. Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека јавниот превоз до село Блаце е редовен, освен во одредени случаи кога автобусите имале дефекти.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button