
Таа е мајка на две деца на кои им била дијагностицирана ретката Вилсонова болест. Маја Алексиевска, која е и претседателка на здружението „Вилсон Македонија“, е типичен пример што значи навремено дијагностицирање и лекување на оваа ретка болест, а што значи кога тоа не се прави навреме или е погрешно дијагностицирано.
Болеста предизвикува нарушување на метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб и мозокот, процес кој се развива постепено со години, пред да се појават првите симптоми. Од ова здружение потенцираат дека е многу важно болеста навреме да се открие и да се добие потребната терапија.
Во Македонија 30 лица се дијагностицирани со оваа ретка болест, но од здружението „Вилсон Македонија“ велат дека оваа бројка може да биде двојно поголема, бидејќи не се дијагностицирани сите пациенти .Под мотото „Подај рака“ 8-ма година по ред се организира овој хуманитарен настан со цел да се зголеми јавната свест и како поддршка за болните и нивните семејства.
Ајнур Бафќари