МАКЕДОНИЈА

Со новиот закон ќе се намали бројот на клубови за игри на среќа, вели Мицкоски

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови што приредуваат игри на среќа. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што Владата презема околу појавата на нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

„По неколку месеци работа на законот за игри на среќа и негово усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да влезе во парламентот. Ќе има многу новини и измени и очекувам со усвојувањето законот, бројот на таквите автомат-клубови природно да биде намален“, кажа тој.

Advertisements

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вчера на неговиот фејсбук-профил соопшти дека се забрануваат 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button