ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со оставките ДУИ се откажува од многу изборни ветувања

ДУИ се откажа од главното ветување за кое доби легитимитет на изборите во 2020 година, за премиер Албанец. Оставките што вчера ги понудија министрите од оваа партија отвораат прашања дали за партијата на Али Ахмети ова е само изборно алиби по прашањето на премиерското место? Иако од самиот почеток се веруваше дека таквото ветување е само изборен трик, Ахмети во неколку наврати изјави дека ќе ќе има прв премиер Албанец.

Advertisements

„Не само што верувам, туку ќе биде“, велеше Ахмети.

Првиот вицепремиер Артан Груби призна дека во замена за уставни измени, ДУИ се откажува од премиер Албанец и е подготвена да ги исполни сите барања на македонската опозиција.

„Рековме дека за европската иднина на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремената Влада и од премиер Албанец во овој мандат и од нашите мандати“, рече Груби.

Пред крајот на мандатот, ДУИ се откажа и од некои прашања што тогаш во изборната програма се сметаа како врвни заложби на партијата. На пример, Висок суд за еднаквост, кој требаше да биде   во функција на борбата против дискриминацијата на државно ниво. Тоа не само што не беше направено, туку веќе и не се спомнува од експонентите на оваа партија. Ветувањето правда за сите и задолжителна проверка за секој политичар, судија и државен функционер падна во вода со одлуката на американскиот стејт департман да го стави Рамиз Мерко на црната листа на САД.

Иако ДУИ ветуваше дека со реконструкција на партијата сите функционери ќе бидат повлечени, испадна поинаку. САД го ставија Мерко на црната листа токму поради спротивното од правда за сите, односно за влијание во судството. Од ОЈО велат дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела. Покрај тоа што зачудува фактот како Мерко ја избегнал правдата, уште позачудувачки е како  Мерко со 30 кривични дела ги поминал филтрите за проверка во неговата партија.

Во делот на образованието, каде што ДУИ ветуваше можности за сите млади семејства и задолжително предучилишно образование, резултатите се  сосема поинаку од напишаното на  хартија. Иако ова партија веќе неколку години го води министерството за образование, децата во школската година што заврши останаа без учебници, а тоа по се изгледа ги чека и следната година. ДУИ беше промотор на идејата за дислокација на казината до еден километар од училиштата, градинките, црквите и џамиите, но токму министерот на ДУИ го предложи новиот Закон за коцкање каде покрај одредбите за отворање на пазарот, растојанието од образовните институции беше преполовено на само 500 метри.

Во програмата за првиот премиер Албанец, од која се откажа ДУИ, се предвидуваше и промена на државната химна и консензуално одлучување во стратешките државни институции.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button