ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со отворањето на дописништвата во двете земји, запирање на лажните вести

Лажните вести и говорот на омраза се во директна корелација, оценува новинарката Маринела Величкова, дописник од Македонија за Бугарската телеграфска агенција, која свое претставништво неодамна отвори во Скопје. Токму поради феноменот на лажни вести, додека траат и македонско-бугарските разговори, Величкова вели дека нејзина улога е на бугарската јавност да и пренесува точни информации од земјава. Тоа би биле агенциски вести без дополнителни коментари, кои ќе „патуваат“ директно од Скопје до Софија, а не преку агенции од трети држави.

Advertisements

„Колку поискривена е една информација, толку повеќе може да внесе емоции, а емоцијата не секогаш е правилното однесување во дадена ситуација, во која очигледно треба да се решаваат проблеми. Проблемите се решаваат тогаш кога се поставуваат на маса и за нив се зборува. Тука е и одговорноста на медиумите. Единствено непристрасната информација може да ја смири атмосферата“, изјави Маринела Величкова – дописник на БТА од Скопје.

Новинарката, споделувајќи делови од архивот на БТА меѓу кои и првите вести од Скопје на почетокот на минатиот век, нагласи дека оваа агенција е стожер на кредибилност кај бугарската публика.

„Чистата информација е доволна. Ако таа е добро проверени и има извор, тогаш нема како во една информативна агенција да се појават лажни вести. Тоа е вистинскиот пат за да биде надмината инвазијата од лажни вести“, рече Маринела Величкова – дописник на БТА од Скопје.

Ваков вид на претставништво отвори и македонската агенција МИА во Софија, каде присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, а двете агенции се договорија и за меѓусебно споделување вести од двете земји.

Во меѓувреме, надминувањето на говорот на омраза останува едно од клучните бугарски барања од пакетот „4+1“ за деблокирање на евроинтегративниот процес.

Лука Андреев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button