СВЕТ
„Со помин нека е!“ Ким прати поздрави до Меланија и Трамп

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун им посака на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија брзо закрепнување од ковид-19, пренесува Асошиејтед прес.
Ким искрено се надева дека Доналд и Меланија Трамп ќе се опорават што е можно поскоро и им испраќа честитки, објави корејската новинска агенција КЦНА.
Трамп во петокот објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на вирусот корона. Лидерите ширум светот им посакаа брзо закрепнување.