ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со потпис на Груби одобрено обештетување на поранешни припадници на безбедносните сили

Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои на одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен припадник на безбедносните сили. На секое решение за обештетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.

Advertisements

Одлуките за плаќањата заедно со податоците на обештетените лица поминаа како одлуки на Владата на седницата на 20 септември годинава.

Телевизијата Алсат провери дали обештетените се воени инвалиди и се на списокот на лица кои се платени од Дирекцијата за прашања на борци и воени инвалиди, во зависност од степенот на инвалидитет. Успеавме да потврдиме дека на списокот на воени инвалиди се и Сашо Величковски и Марјан Величковиќ, кои и покрај инвалидската пензија ја тужеа државата за нематеријална штета. За другите двајца Димче Манчов и Зоран Ангеловски не успеавме да обезбедиме докази дека се на списокот на инвалиди, но неофицијално се дознава дека и последните двајца добиваат инвалидски пензии од Управата за борци и воени инвалиди, односно од Министерството за труд и социјална политика.

Прашањето за обештетување започна преку тужби од поранешни војници и припадници на безбедносните сили против Министерството за одбрана и МВР. Во првостепениот суд одлуката беше во нивна полза. Државниот правобранител поднесе жалба, но Апелациониот суд го потврди обештетувањето. Врховниот суд со жалбата на државниот правобранител го отфрли второстепеното решение опишувајќи го како неосновано. Владата со својата одлука, освен што не ја призна одлуката на Врховниот суд како последен суд за кривични и граѓански предмети, го задолжи и државниот правобранител да ги прекине сите извршни постапки и да се повлече од постапката. Во правна смисла, Владата не се меша во работата на судот, додека процедурално ги повлече од спорот правните застапници на двата ресори, одбрана и МВР. Последните две одделенија, врз основа на одлуката на Врховниот суд преку државниот правобранител, покренаа барање за контраизвршување, поточно враќање на парите од „бранителата“ во државниот буџет.

Владата немаше одговор, по кој основ е донесена оваа одлука која е суштински спротивна на судската одлука и колкава е висината на обештетувањето. Покрај потписот на Груби, на крајот од документот, потписот на Тахир Хани е и во својство на лице кое го одобрило документот во правно-формална смисла.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button