ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница кој се случи на 8 септември 2021 година, а во кој животите ги загубија 14 луѓе. На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот акт до Судот, а денеска предвидено е да има вербални докази од сведоци кои се на предлог на обвинителите.

Advertisements

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button