Со враќањето на децата на училиште расте ризикот од ширење на грипот
Со враќањето на децата на училиште расте ризикот од ширење на грипот

Десетина пациенти се лекуваат од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за пулмологија. Многу граѓани не можат да ја победат болеста само со домашно лекување. Иако се работи за сезонски вирус, некои пациенти страдаат од посериозни здравствени последици. И грипот и ковид се вируси од исто семејство.
Пациентите со ослабено здравје се поподложни на грип. На Клиниката за пулмологија и алергологија се хоспитализирани десетици пациенти. Не е доцна за вакцина против грип, но пациентите не треба да ја примаат кога се болни.
Со враќањето на децата на училиште ризикот од ширење на грипот е голем. На Клиниката за детски болести само викендов имало и по 150 прегледи дневно.
Инаку, денеска новиот дијагностички центар на пулмологија доби нова медицинска опрема. Надлежните потенцираа дека инвестицијата од 16 милиони денари им овозможува на лекарите побрзи прегледи за пациентите да можат навреме да добијат точна дијагноза./алсат.мк
Аднан Ќаили