ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собира железо за парче леб

Собира железо за парче леб

Бајрам Синан од Шуто Оризари, секојдневно ги проверува скопските контејнери за да најде различни метали и по продажбата може да купи залак леб.

Advertisements

Тој вели дека социјалната помош што ја добива не е доволна и тоа го натерало да бара метали по ѓубре.

Бајрам Синан не е единствениот човек кој живее од собирање и продавање метали. Такви луѓе има многу во државата. Според статистиката на Црвениот крст, бездомниците во Скопје кои го посетиле пунктот за бездомници во 2023 година се вкупно 180 лица, од кои 136 мажи на возраст од 5 до 81 година, а 44 жени на возраст од 5 до возраст од 80 години. Од оваа бројка, 30% од нив се необразовани, 19% се со основно образование, другите имаат завршено некои занаети или формално образование. 42% од луѓето кои го посетуваат пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје се зависници од алкохол, дрога, коцкање имаат семејни проблеми, а 26% од нив се соочуваат со сиромаштија./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button