ЕКОНОМИЈА

Собрание, 90 милиони евра од Светска банка

Предлог-законот за новото задолжување од Светска банка во висина од 90 милиони евра се најде денеска пред пратениците на комисиска дебата. Носењето на овој закон ќе биде по скратена постапка поради итноста за справување со коронавирусот. Парите ќе се трошат за набавка на нови болнички легла, купување на апарати и опрема потребна за лекување, опрема за лична заштита и за лекови. Државата заемот ќе треба да ги врати за 12 години. Светска банка парите ги одобри во април, но досега не можеа да се користат бидејќи не ги одобруваше заменик-министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во времето на техничката влада.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button