ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собрание, дебата за основното образование

Бројни забелешки за новиот концепт за основно образование беа изнесени на јавната расправа во Собранието. Додека власта го опишува новиот концепт како нешто што долго време недостасува во образовниот систем на земјава, професорката Весна Јаневска смета дека тој треба да се повлече со образложение дека има многу недостатоци. Освен другите аспекти, таа вели дека условите во училиштата, како и недостатокот на финансиски план во рамките на концептот, оневозможуваат истиот успешно да се спроведе.

Advertisements

Академик Владо Камбовски рече дека јавната дебата е задоцнета, но сепак додаде дека не смееме да го одложуваме усвојувањето на концептот.

Министерката за образование Мила Царовска рече дека новиот концепт обезбедува мотивирачка рамка за наставниците, кои се главната причина за успехот или неуспехот на учениците.

Најавените реформи предвидуваат помалку предмети, повеќе истражувања и анализи, изборни предмети и воннаставни активности. Овие измени предложени од Министерството за образование се очекува да се спроведат од почетокот на учебната 2021/22 година.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button