ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Собрание, констатирани оставките на Тупанчевски и Нуредини

Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски, министерот за екологија Насер Нуредини и заменик министерот за правда Агим Нухиу. Нивните оставки беа констатирани на 103. седница, додека за 104. е предвидено разрешување на министрите Беким Сали и Адмирим Халити. На оваа седница беше предложено и именување на министрите на Алијансата за Албанците.