Собрание – многу трошоци за малку работа

Работата на Собранието и пратениците и понатаму продолжува да се одвива со бавно темпо и покрај големите трошоци. Во информациите што ги обезбеди Алсат, јасно се гледа дека од 1 септември до 15 октомври се одржани само 5 пленарни седници, Собранието работело вкупно 15 часа и 30 минути. Две од овие седници беа за говори на странски гости, како што беа претседателот на Италија Серџо Матарела и претседателката на Националниот совет на Собранието на Швајцарија, Ајрене Келин. Една седница беше за пратенички прашања. На двете други работни седници имаше вкупно 18 точки на дневниот ред и 9 закони, четири одлуки, 4 автентични толкувања и еден план.
Но, на овие две работни седници кои сè уште се сметаат за недовршени, беа разгледани само два закона, 4 одлуки и 4 автентични толкувања.
И во последните две недели Собранието има многу ниска работна динамика, каде и најважните закони се одолговлекуваат, како што се мерките на Владата за помош на граѓаните и стопанствениците за справување со економската криза и гласањето за нови уставни судии, каде сè уште не е завршена ни седницата на матичната комисија.
Марко Трошановски од Институтот за демократија оценува дека со досегашниот начин на функционирање Собранието не ја исполнува ниту својата елементарна функција.
Трошановски оценува дека причина за ваквата состојба е ниското ниво на политичка култура во земјава.
Тој додава дека решението е промена на изборниот модел со што би се создала што поголема независност на пратениците од партиите.
(Од 01.09.2022 до 15.10.2022 )
Пет пленарни седници – 15 часа и 30 минути работа.
Две седници за говори:
Претседателот на Италија, Серџо Матарела
Ајрене Келин, Претседателка на Националниот совет на Собранието на Швајцарската конфедерација
Една седница за пратенички прашања
Две седници со 18 точки на дневен ред
Девет закони
Четири решенија
Четири автентични толкувања и
Еден план
Разгледани само:
Два закона
Четири решенија и
Четири автентични толкувања
Мефаил Исмаили