ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието даде зелено светло за Законот за средно образование, а расправата се префрли кај комисијата за образование

Собранието даде зелено светло за Законот за средно образование, а расправата се префрли кај комисијата за образование

Во Собранието продолжува постапката за донесување на Законот за средно образование. По пленарната седница, расправата преминува во матичната комисија. Предлог-законот, кој меѓу другото предвидува за време на одбележувањето на патронатот, почетокот и крајот на учебната година во средните училишта да биде интонирана химната, според одлуката на основачот предизвика жестока дебата меѓу мнозинството и опозицијата. Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека е нелогично државјаните од Балканот да не им пречи интонирањето на химната во странските земји каде што работат, а да им пречи во Македонија.

Advertisements

Илире Даути од Европскиот фронт рече дека химната не содржи албански елементи и како таква не треба да биде задолжителна.

„Тој буџет кој е подеднакво полнет од сите и сите ние придонесуваме подеднакво за неговото пополнување, тогаш треба да ја одразува еднаквоста во распределбата на тие средства, кои оние деца за кои велите дека треба да ја интонираат химната за да се чувствуваат дека се еднакви, го добиле својот дел кој им припаѓа ним, бидејќи нивните родители учествувале во даноците и придонесите кои ги дале во тој буџет“ рече Илире Даути, Европскиот фронт.

Пратеникот, Аднан Азизи рече дека ВРЕДИ има свои забелешки за овој предлог, за што ќе поднесе и амандмани.

„Сепак, ние ги имаме нашите забелешки и нашите предлози и како такви ќе ги имаме нашите амандмани предложени во второ читање каде што ќе стоиме зад тие предлози до крај. Она што сакам да им го нагласам и гарантирам на сите Албанци е дека ние сме тука да ги застапуваме Албанците, за достоинствено да ги бранат правата на Албанците и за разлика од вас кои денес зборувате како скендербег, а кога бевте во позиција бевте/зборувавте како тендербег“, рече Аднан Азизи, ВРЕДИ.

Слична дебата имаше и во законодавна правната Комисија./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button