ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието е подготвено да ја почне постапката за уставни измени кога и да бидат доставени

Собранието на Република Северна Македонија во секој момент е подготвено да ја почне постапката за уставни измени, изјави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери на брифинг со новинарите. Од моментот кога тие ќе бидат доставени до Собранието од предлагачот до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Засега, како што вели, нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска процедура.

Advertisements

-Собранието секако е подготвено во секој момент како ќе постапат овластените предлагачи, надлежните институции ние сме подготвени да постапиме според процедурите и роковите во Деловникот, изјави Џафери.

Претседателот на Собранието е дециден дека пратениците се во постојано заседание така што дури и да треба да се гласа во август за утврдување на потребата за уставни измени, за нив нема да има никаква пречка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button