ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ги игнорира препораките на ЕУ, „штанца“ закони по скратена постапка за приватни бизниси

Набиената агенда на Собранието полна со закони по скратена постапка веќе стана пракса, но тоа е во спротивност со духот на европскиот дијалог „Жан Моне“ и со препораките на Европската унија. Оваа забелешка до Парламентот се повторува во сите евро-извештаи за земјава, вклучувајќи ја и последната од Европскиот парламент. Најновиот пример е со 29-та седница, на која од 32 иницијативи за нови закони или законски измени, најмалку 15 се предложени да поминат по скратена постапка или на нив има ставено ѕвезда на Европската унија што подразбира ограничување на рокот за дебата.

Advertisements

Извештај на Европскиот парламент

„Ја истакнуваме потребата за развој на законодавството, минимизирајќи ја употребата на брзи постапки и обезбедување соодветна консултација и проценка на влијанието; потсетуваме на потребата од подобрување на парламентарните пракси за постапки со консензус.“

Донесувањето закони по кратка постапка е на штета на демократијата во земјава, предупредуваат експертите, повикувајќи ја власта да се откаже од оваа лоша навика. Од Институтот за демократија велат дека со брза постапка се носат неквалитетни закони кои не одговараат на реалноста и се само во прилог на некој приватен бизнис.

„Оваа пракса мора да се запре бидејќи повеќе се оштетува нашата држава. Се донесуваат закони за кои нема јавна расправа, не се прават проценки за влијанието врз законодавството и кои се финансиските импликации од тие закони. Ова нè води до ситуација кога следната година нешто повторно треба да се промени, повторно треба да се донесат нови закони и на некој начин целиот живот да стане непредвидлив за граѓаните, за економскиот сектор и за сите останати сектори.“

Но, вицепремиерот за европски прашања Димитров ги правда скратените процедури од донесувањето закони. На тој начин вели, се избегнувале блокади од опозицијата, која ја обвинува за загрозување на европеизацијата.

ВИЗРТ-

Секретаријат за европски прашања

„Законите поднесени со европската ѕвезда се во ред и се придржуваат до потребните параметри за нивно обележување како европски. Поради долгиот период на нефункционалност на Собранието, но и поради текот на динамиката, Владата ги користи сите расположиви механизми за да ги заштити пред сè интересите на граѓаните.“

Опозицијата пак, постојано се жали дека со скратени процедури ѝ се одзема правото на суштинска расправа за законите што се предлагаат.

Anesa Salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button