Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО

Собранието ги ратификуваше протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО. Покрај парламентарното мнозинство, ратификацијата ја поддржаа и опозициските партии од двата политички блока.
Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ рече дека скандинавските земји се пример како соседните земји не треба да се блокираат во интегративните процеси.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ги потсети дипломатскиот претставници дека нашата земја била во таква ситуација пред не повеќе од две години.
„Посакувам овој процес да помине што побрзо во собраниата на другите земји. Во име на граѓаните на нашата земја, посакувам Шведска и Финска да го завршат процесот на полноправно членство што е можно поскоро и да продолжат понатаму за заеднички успех“, рече Џафери.
За ратификација на протоколите пратениците од Левица, гласаа против, додека пратеникот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, не беше присутен во салата. Со членството на Република Финска и Кралството Шведска, НАТО ќе брои 32 земји-членки. Нивното членство доаѓа во време кога безбедноста во Европа е загрозена како резултат на руската инвазија на Украина.
Адријан Керими