ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието го одби предлогот на ВМРО за укинување на „Пржинската влада“

Собранието го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Техничката влада. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски потегот на парламентарното мнозинство го оцени како кукавички.

Advertisements

Како го коментирате тоа што СДСМ во Собранието штотуку го отфрли укинувањето на Пржинската влада?

“Кукавички”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За промената на изборниот модел со една единица и барањето на премиерот Димитар Ковачевски за тоа да се формираат работни групи, Мицкоски рече дека овој потег се прави за да се одложи датумот за избори. Според него, земјата оди во погрешна насока и неопходни се предвремени парламентарни избори.

За средбата што ја најави премиерот Ковачевски, Мицкоски рече дека досега таа била само најава и оти нема конкретна покана. Опозицискиот лидер вели дека е спремен за средба било кога и без најава за темите за кои ќе се разговара.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button