ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев

Собранието денеска ја констираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција. Со тоа почнуваат да течат роковите од 10 дена во кои шефот на државата треба да му го даде мандатот за формирање влада на новиот мандатар и од 20 дена во кои тој би требало да ги состави списокот на министри и програмата на владата и да ги испрати во Собранието.

Advertisements

„Претседателот на владата може да ја образложи оставката, но известен сум дека нема да ја образложи. Констатирам дека на претседателот и на Владата им престанува мандатот“, констатира спикерот Џафери.

Ноќта на 31 октомври, по вториот круг од локалните избори, Заев најави оставка и од лидерската позиција СДСМ и од премиерското место. Прво ја ефектуираше оставката на партиската функција, така што СДСМ неодамна доби нов лидер – Димитар Ковачевски, кој наскоро ќе го наследи Заев и на премиерското место.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button