ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието не ја прифати интерпелацијата за Никола Димитров

Собранието доцна синоќа не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.  По 12-часовна расправа, „за“ интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 против и ниту еден воздржан.

Advertisements

Дебатата помина со многу обвинувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата, која побара Димитров веднаш да поднесе оставка.

Ова е трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години, првите две беа во својство на шеф на дипломатијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button