МАКЕДОНИЈА
Собранието не вратило ниту едно несоодветно поднесено законско решение, вели Ласковска

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат реагираше дека одреден број на закони во Собранието поминуваат без да биде запазена деловничката процедура. Како што кажа таа, постојат закони кои иако биле поднесени со пропусти, ниту еден од нив не бил вратен во Владата.
„Секој закон којшто доаѓа од Влада треба да е со пополнета изјава дека тој закон ги исполнува сите услови, таканаречена коресподентна табела, но таа е празна…што треба да направи Собранието, да го врати законското решение на Владата. Досега такво нешто се нема случено“, рече Ласковска.