ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието со оценка 5,4 падна на „испит“ за квалитет на дебатата меѓу пратениците

На скала од еден (најниско) до десет (највисоко), дискусијата во законодавниот дом во периодот од јули до декември 2021 година е оценета со 5,4, со што не ја добива минималната потребна оценка за да се именува како дебата. Оценката 5,4 означува пад на квалитетот на дискусијата во Собранието, споредбено со периодот јануари-јуни 2021 година, кога оценката на квалитетот на дебата беше 5,6.

Намалувањето на квалитетот на собраниската дебата во второто полугодие на 2021 година е резултат на влошувањето на речиси сите параметри што придонесуваат во оценката на квалитет на дебата, како степенот на аргументација, степенот на почит на говорникот кон другите пратеници и нивните аргументи, отвореноста за прифаќање на туѓите аргументи и менување на сопствените ставови поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата. Ова го покажува Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот јули – декември 2021 што го спроведе Институтот за демократија „Социетас вивилис“ – Скопје.

„Генерално, квалитетот на дебатата, како и во претходните периоди, е на ниско ниво, со голем простор за подобрување“, велат од Институтот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button