Собранието треба да ја продолжи 17. седница

Собранието денеска во 14 часот треба да ја продолжи 17. седница на која на дневен ред се повеќе закони по скратена постапка.
На минатото продолжение на 17. седница започна расправата по Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, а на дневен ред се и измени на Законот за урбано зеленило, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, на Законот за јавните патишта, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за поштенските услуги, на Законот за скијалишта, на Законот за домување, на Законот за автокампови, на Законот за градежно земјиште, сите по скратена постапка.