ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игрите на среќа

Собранието в среда во рамки на 145. седница се очекува да избере нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие поддршка од повеќе од 80 пратеници, иако за да се изгласа е потребно двотретинско мнозинство.

На дневен ред на 145. седница што е закажана за среда 28 февруари во 11 часот, е исто така Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Трето читање. Законот е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button