ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Софија ја оствари заканата за вето, Берлин остава простор за решение до крајот на декември

Бугарија ја оствари заканата за вето блокирајќи го усвојувањето на преговарачката рамка за С. Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција на вчерашниот видео-конференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ. Сепак, германското претседателство со Унијата и Европската Комисија, потврдија дека ЕУ не се откажуваат од решение до крајот на оваа година. Од Владата оценуваат дека одлуката на Бугарија не е во духот на добрососедството и Договоерот за пријателството, но најавуваат дека разговорите продолжуваат до изнаоѓање вин – вин решение во интерес на нашата европска иднина и во рамки  на позициите што ги има и  ги прокламира државата.

Advertisements

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по министерскиот состанок на прес-конференција изјави дека Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со С Македонија, затоа што предложениот нацрт не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма, изјави Захариева.

Бугарија инсистира да се утврдат три услови во преговарачката рамка со земјава и тоа „придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство; утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година; и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија“.

– Овие услови се уште не се вклучени во нацрт преговарачката рамка, нагласи Захариева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button