ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сојузот на синдикати бара линерно зголемување на платите

Сојузот на синдикати бара линерно зголемување на платите

Зголемувањето на платите за 2806 денари, кое власта го вети, а не го реализира, повеќе нема да има ефект, бидејки инфлацијата и тие пари ќе ги изеде,велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Advertisements

„Дојдете еден месец во патиките на работникот,издржете го со 18000 денари плата, па да седнеме во истата сала и да дискутираме за тоа. И веќе е доцна за било какво зголемување и преговарање. Сега повеќе и тоа што го бараме од 2806 денари, инфлацијата го изеде. Луѓето ако го добијат од септември ништо нема да осетат“, рече Иван Пешевски-потпретседател за приватен сектор во ССМ.

Тие бараат линерано зголемување на платите.

„Да не се оштетува работникот, да се прифати барањето на ССМ, за линеарно зголемување на платите уште утре, како би можеле да му помогнеме на работникот во оваа инфлаторна, енергетска, економска и ковид криза, за да може да преживее и егзистира во текот на годината. Тоа не е некоја вредност на зголемување на платите бидејки инфлацијата секој ден е сѐ поголема“, рече Дарко Димовски-претседател на ССМ.

Во петок ССМ ќе донесе одлука за одржување на генерален штрајк како во јавниот така и во приватниот сектор.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button