ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сојузот на синдикати бара смена на ВД Директорот на Водовод

Вработени од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје биле незаконски распределени на работни места во компанијата кои не ссодвестуваат со нивната струка. Поради ваквото прекршување на работничките права претседателот на ССМ Дарко Димовски побара разрешување на в.д. директорот на Водовод Марјанче Митовски. Димовски посочува дека Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат ги потврдиле обвинувањата на ССМ. Синдикалците сега бараат одговорност.

Advertisements

„Не праќа како хидроинженери да седиме во чуварски куќички, не може возачи на специјални возила да седат во базата и да не работат ништо затоа што не му се допаѓаат на в.д. директорот. Ова како репрезентативен синдикат за комунални дејности, нема да го дозволиме“, рече Димовски.

Синдикалците предупредуваат дека доколку не се разреши в.д. директорот Митовски вработените може да штрајкуваат и да биде во прашање доведена испораката за вода за пиење за граѓаните. Дополнително синдикатот обвинува и на заканувачки пораки кои дел од вработените ги добиле од страна на директорот. Митовски беше поставен за директор на Водовод на предлог на градоначалничката Арсовска, а по конфликтот со ВМРО ДПМНЕ и смената на нивниот кадар, Златко Перински, за незаконитости во изградбата на пречистителената станица во Скопје.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button