ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сојузот на синдикати се противи дуќанџиите да работат во недела

Сојузот на синдикати се противи дуќанџиите да работат во недела

Сојузот на синдикати се противи на предложените измени на законот со кои ќе им се овозможи на дуќанчиите во туристичките центри да работат и во недела. Овие измени се предложени по иницијатива на сопствениците на дуќани од Охрид, кои добија поддршка од локалната власт во Охрид, но и од Министерството за економија. За сојузот на синдикати сметаат дека измените се против работниците.

„Министерството за економија веќе им овозможи на газдите сами да работат во недела во туристичките места и во трговијата на мало. Водејќи грижа за работниците и нивните семејства и нивното неприкосновено право на заштита на човековото достоинство и семејни врености , работниците и граѓаните може и треба во својство на туристи да ги посетуваат нашите туристички места и да уживаат во нивните убавини“, велат од ССМ.

Освен во местата кои се наоѓаат на Охридскиот брег и покрај останатите природни езера низ Македонија каде редовно има туристи, измените на Законот за трговија ќе дозволат во недела да може да работат и продавниците и рестораните кои се во близина на дестинација која располага со историски, културни и останати знаменитости. Еве како е тоа дефинирано во Законот за туристичка дејност.

“Туристичко место претставува подрачје или дестинација кое како организациона и функционална туристичка целина располага со природни, културни, историски и други знаменитости од значење за туризмот, комунална, сообраќајна и туристичка инфраструктура, како и објекти и други содржини за сместување и престој на туристите“, се вели во Законот за туристичка дејност.

Освен во недела на овие трговци и угостители ќе им биде дозволено да работат и на државните празници.

„Само како илустрација, новите правила од недела неработен ден ќе важат и за локалите и дуќаните кои се сместени во централното градско подрачје на Скопје, односно на двата плоштади кои ги поврзува Камениот мост, па се до Старата турска чаршија. На овие локации има многу културни и историски знаменитости“, изјавува Иле Петрески, новинар.

Сопствениците на дуќани се жалеа дека во време на туристичка сезона, нивните продавници се затворени и тие трпат штети.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button