ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сојузот на средношколци повика на смиреност кај учениците, а од МВР побара брзо расчистување на случајот со дојавите за бомби

Сојузот на средношколци во земјава повика на смиреност кај учениците откако вчера втор ден по ред дел од скопските училишта добија лажни дојави за поставени бомби, а на Министерството за внатрешни работи му порача максимално да се посвети во решавање на случајот.

Advertisements

Учениците, пак, ги повикаа на сплотен и смирен пристап кон проблемот.

„Секој од нас може да придонесе за достигнување на чувството на безбедност во училишните клупи. Ги советуваме учениците одговорно да ги следат насоките од училишните служби, внимателно да ги следат информациите на темата, да се информираат од кредибилни извори, критички да ги консумираат вестите и да ги проверуваат повеќе пати податоците кои ги добиваат. Медиумска писменост е клучна во задржувањето на контрола врз ситуацијата“, соопшти Сојузот на средношколци и додава дека е отворен за соработка и поддршка во расчистувањето на случаите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button