ЕКОНОМИЈА

Солидарен данок би требало да платат околу 200 компании

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи направени од УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.

Advertisements

Во однос на тоа од кои дејностите ќе бидат компаниите опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, директорката на УЈП одговори дека се работи за подолг период.

„Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците“, рече Лукаревска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button