

Алсат
05.08.2020 12:40
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека амбиција на неговиот тим е освојување на Лигата на Европа.
– Остануваат уште четири натпревари пред трофејот. Тимот растеше во текот на целата сезона и се радуваме што завршивме на третото место во Премиер лигата, но следниот чекор е да се освои трофејот во Лигата на Европа, истакна Солскјер.
Играчите сакаат да играат, не им треба пауза. Се надевам дека и вечерва за победа нема да недостасува мотив и покрај големата предност од првата средба, додаде предводникот на Јунајтед.