ВЕСТИРЕГИОН

Солзавец на протестите во Северна Митровица против акцијата на косовската полиција

Косовската полиција употреби солзавец против демонстрантите кои денеска се упатиле кон полициската станица во Северна Митровица, револтирани од акцијата против криумчарење стока, јавува новинарката на Радио Слободна Европа од местото на настанот.

Во градот се слушаат сирени од противпожарни возила и амбулантни возила. Косовската полиција е пред аптеката. Граѓаните велат дека во средата наутро се огласиле сирени.

Во Северна Митровица, насобраните луѓе речиси се разотидоа, додека полициската акција продолжува во Звечан. И во оваа општина полицијата реагираше со солзавец откако граѓаните во Звечан фрлија тврди предмети кон полицијата.

„Косовската полиција денеска заплени разни стоки и одредени материјални докази за кои постои сомневање дека се шверцувани. Акцијата, која се уште трае, се прошири на неколку локации во Косово, вклучувајќи го и регионот на Северна и Јужна Митровица, Приштина и Пеќ,“ се вели во полициското соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button