Сомнежи за диверзија и саботажа во случајот со исклучување на фрижидерите на одделението за бактериологија при Институтот за јавно здравје
Сомнежи за диверзија и саботажа во случајот со исклучување на фрижидерите на одделението за бактериологија при Институтот за јавно здравје

Јавното обвинителство отвори истрага за исклученото напојување со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести во Институтот за јавно здравје,поточно на одделението за бактериологија. Според директорката Андоновска, симптоматично е тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.
Обвинителството отвори истрага за две основи на сомнение: „диверзија“, кривично дело за кое Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку 4 години и другото кривично дело „саботажа“ .
Просторијата во која се наоѓаат фрижидерите со реагенси има само еден клуч и истиот е го поседувал еден од вработените. Кутијата со осигурувачи се наоѓа во ходникот, каде што често доаѓаат сите вработени во одделението за микробиологија и бактериологија. Дека фрижидерот и комората се ислкучени забележала хигиеничарка која веднаш го известила раководството. /Alsat.mk